Македонската репрезентација освои злато на годинашната Балканска математичка олимпијада (БМО), првпат во историјата, известија од Сојузот на математичари на Македонија.
Никола Спировски освои златен медал на годинашната БМО, а Дамјан Давков и Јан Стојановски освоија сребрени медали. Алексиј Тасиќ освои бронзен медал, а Јасна Илиева и Блаже Суклевски освоија пофалници.
Македонската репрезентација постигна екипен успех со вкупно 118 поени. Лидер на македонската екипа е Никола Велов, а заменик-лидер Петар Филиповски.
Балканската математичка олимпијада, 39. по ред, се одржува во Агрос, Кипар, од 4 до 9 мај.
Извор:
SMM