X
 06.07.2021 Наука

Мисијата на ОАЕ фотографираше поларна светлина на Марс

Вселенската мисија „Хоуп“ на Обединетите Арапски Емирати има цел да ја истражува атмосферата на Марс.

Леталото тукушто испратило фотографии од ноќна поларна светлина на оваа планета. Станува збор за редок, но прекрасен феномен кој го имаме и на Земјата, а познат и по името аурора бореалис.




Џастин Дејан, планетарен научник од Универзитетот на Колорадо и еден од научниците што работат на мисијата, открил дека не е лесно да се фотографира поларна светлина на Марс, па затоа фотографиите од мисијата се возбудливи и неочекувани.



Претходно се верувало дека поларната светлина е феномен специфичен за Земјата, но две истражувања покажале дека тие се појавуваат и на други места во вселената.

На Земјата, поларната светлина може да се забележи само околу двата пола, но на Марс тие може да се појават насекаде на планетата.

Извор: Interesting Engineering
Фото: Screenshot/Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука