X
 31.03.2016 Наука

Најдеталната слика од нашата галаксија со резолуција од 187 милиони пиксели

Од нашата планета може да видиме мал дел од ѕвездите и останатите небесни тела. Но, благодарејќи на работата на научниците од Европската јужна опсерваторија, сега може да ја набљудуваме нашата галаксија на фотографијата со резолуција од дури 187 милиони пиксели.


Фотографијата била снимена со телескопот „Atacama pathfinder experiment“ сместен на надморска височина од 5.100 метри во Чиле. Се работи за карта од Млечниот пат која опфаќа подрачје од неба со должина од 140 степени и широчина од 3 степени, кадешто била снимена нашата галаксија.

Новата карта е четирипати поголема од останатите карти од Млечниот пат. На неа се снимени и тела чија температура е малку над апсолутната нула, како облаци од гас и прашина, но и дискови од ѕвезди во раѓање.

- Изладена на само дел од температура над апсолутната нула, камерата детектирала слабо зрачење кое го емитираат гасот и прашината кои се невидливи со голо око - открива Ерин Блемор, една од научниците кои работат на проектот.

За да ја снимат картата, научниците користеле повеќе прецизни инструменти, а при изработка на картата бил искористен сателитот „Planck“, со кој се направило детално скенирање на поголемиот дел од небото.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука