X
 31.05.2024 Живот

Земјоделството на Марс е поблиску до реалноста благодарение на практиките на Маите

Посетата на Марс од страна на луѓето најверојатно ќе се случи во наредните 15 години. Сепак, тоа ќе биде деветмесечно патување во еден правец. Затоа, многу е важно да се најде начин како ќе се хранат луѓето што ќе живеат таму,

Истражувачи од Холандија веројатно дошле до остварлив метод за одгледување зеленчук богат со хранливи материи користејќи ги древните техники на земјоделство што ги користеле Маите.

Додека дехидрираната храна стана главен елемент на вселенските мисии, тоа не е идеален метод за долгорочен извор на храна. Оваа храна е помалку хранлива од свежата и не може да се спакува доволно за мисијата на Марс. Редовните мисии за снабдување не се економски ефикасни, оставајќи го земјоделството како најдобар метод за исхрана на луѓето што ќе живеат на Марс. Атмосферата на Марс е 100 пати потенка, со повеќе јаглерод диоксид, азот и аргон отколку атмосферата на Земјата, така што Марс и не е баш гостопримлив за нашите култури.

Надоврзувајќи се на минатите истражувања, научниците од Универзитетот Вагенинген се обидуваат да најдат начин да го оптимизираат растот на растенијата. Пред неколку века Маите почнале да користат метод на земјоделство што вклучувал комбинирање на култури. Нивните потомци и денес го користат овој метод, што резултира со култури отпорни на суша и болести. Комбинирањето на културите, за разлика од монокултурата, се состои од повеќе видови растенија кои се одгледуваат заедно на исти парцели.

Истражувачите споредиле три различни култури во приближно слична правлива Марсовска почва наречена реголит, како и почва и речна песок, и со монокултура и со комбинирање на културите. Доматите, морковите и грашокот се одгледувале 105 дена. Овие три зеленчуци се богати со хранливи материи и се уништуваат при дехидратација на храната. Исто така, истражувачите верувале дека тие ќе бидат комплементарни еден на друг. Доматите обезбедуваат поддршка за искачување на грашокот и им нудат сенка на морковите кои се чувствителни на топлина, додека грашокот го „поправа“ азотот во почвата претворајќи го во амонијак кој станува храна за растенијата. Морковите, пак, помагаат во проветрувањето на почвата, со што се подобрува навлегувањето на водата и хранливите материи.

Имало вкупно 60 култури во оранжерии слични на она што ќе се изгради на Марс. Резултатите потоа биле измерени во однос на приносот и густината на хранливите материи. Во сите три типа почва растеле сите култури. Доматите се покажале особено добро во садот со реголит. Тие биле повисоки во биомаса и имале најмногу калиум од сите растенијата во експериментот. Сепак, грашокот и морковот не сакале да го „делат“ просторот со доматите во реголитот, така што дале намалени приноси. Постојат неколку можни причини за ова. Доматите се познати како растенија кои се хранат прилично многу, па веројатно зеле хранливи материи од грашокот и морковот.

Според истражувачите, ова истражување ветува многу, па тие веруваат дека можат да најдат начини да го приспособат реголитот така што тој ќе биде добредојден за меѓусебните растенија. На пример, по првата берба, тие ќе можат да ги компостираат неискористените делови од производот за да ја зголемат хранливата вредност на реголитот.

Исто така, истражувањето обезбеди докази дека комбинирањето култури ќе биде корисно и за земјоделството на Земјата. Со брзото менување на климата се менуваат и условите за земјоделство, а почвата на некои места станува попесочна.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот