Водената мечка е единственото животно кое може да го преживее студениот, озрачен вакуум на вселената.
Што е толку посебно кај овој вид животни?
Водената мечка или „tardigrades“ се класа на микроскопски животни со осум екстремитети и чудно однесување. Вилијам Милер, водечки истражувач на Универзитетот Бејкер, вели дека овие животни ги има во огромен број. Стотици видови се наоѓаат низ седумте континенти, насекаде - од највисоката планина до најниското море.
„Многу видови на водената мечка живеат во вода, но на земјата можат да се пронајдат речиси насекаде - ги има во мовта или лишаите“, вели Вилијам Милер.
Во 2007 година научниците откриле дека овие микроскопски животни можат подолго време да преживеат во студениот, озрачен вакуум на вселената. Европски тим на истражувачи испрати група на водени мечки да орбитираат околу Земјата од надворешната страна на ракетата Foton-M3 во период од 10 дена. Кога водените мечки се вратиле на Земјата, научниците откриле дека 68% од нив успеале да преживеат во тешките услови.
Како е тоа возможно?
Иако водените мечки се уникатни во нивната способност да преживеат во вселената, Милер инсистира дека не постои причина да се верува дека тие еволуирале затоа што се од вонземско потекло (нешто кое видеото од VICE го покажува грешно). Наместо тоа, способноста да преживеат е резултат на чуден одговор на тоа како тие еволуирале за да го пребродат проблемот кој за нив бил опасен по нивниот живот: недостаток на вода.
Овие животни можат да се пронајдат во некои од најсувите места на земјата.
„Имам собирано живи водени мечки од под карпите во пустината Синај, во дел кадешто немало никакви податоци за вода во претходните 25 години“, вели Милер.
Сепак, технички, ова се водени суштества кои бараат тенок слој на вода за прават буквално се` - да јадат, да се размножуваат и да се движат. Но, водените мечки кои живееле на земјата еволуирале бизарно решение за живеење во суша: кога нивната животна средина се суши, се сушат и тие. Тие влегуваат во состојба наречена сушење, во која тие се збрчкуваат и губат околу 3% од водата во нивното тело и пополека го забавуваат нивниот метаболизам до неверојатни 0.01% од својата нормална брзина. Во оваа состојба тие продолжуваат да постојат, не правејќи ништо, се` додека не дојде вода. Кога ќе се случи ова, овие животни повторно оживуваат и продолжуваат како да не се случило ништо.
Она што е уште повеќе зачудувачки е дека водените мечки можат да преживеат во оваа состојба повеќе од една деценија. Според Милер, неколку истражувачи веруваат дека некои видови на водени мечки може да преживеат сушење до еден век. Сепак, просечниот животен век (доколку постојано се хидрирани) на водените мечки ретко е повеќе од неколку месеци.
„Звучи доста чудно тоа што водените мечки живеат само неколку недели или месеци, а сепак нивниот животен век може да издржи и вакуум и интензивен притисок. Дури температури од -237 до 149 степени Целзиусов нема да влијаат врз смртта на ова суштество.
Но, точниот извор на нивната отпорност е мистерија. „Во принцип, ние знаеме малку за тоа како овие видови функционираат, особено кога зборуваме за молекуларно ниво“, вели Ема Пери, водечки истражувач на Јунити колеџот во Мејн.
Но, постојат индиции. Научниците откриле дека кога водените мечки влегуваат во состојба на сушење тие заменуваат некои од нивните мобилни содржини со молекули на шеќер наречени трехалози. Истражувачите веруваат дека овие трехалози молекули не само што ја надополнува водата, туку исто така во некои случаи може физички да ги ограничи останатите молекули на вода, задржувајќи ги да брзо да не се прошират кога ќе се соочат со жешки и студенти температури. Ова е важно бидејќи проширувањето на водените молекули може да значи клеточна смрт за повеќето животни.
Но, што е со вселенското зрачење?
Вселената е смртоносна, и не само поради вакуумот. Надвор од нашата заштитна атмосфера, постои зрачење кое убива и кое е предизвикано од далечната супернова, нашето сонце и други извори. Вселенското зрачење доаѓа во форма на штетни честички кои можат да бидат вметнати во телото на животните, раскинувајќи ги молекулите и оштетувајќи ја ДНК побрзо отколку што може да се поправи.
Но и тука водените мечки се повеќе од подготвени за живот во вселената. Според Питер Гуида, шеф на лабораторијата за вселенско зрачење на НАСА, едно од најголемите зрачења поради кои се загрижени астронаутите е збирот на молекули наречени реактивни кислородни видови. Јонизирачкото зрачење влегува во телото и забива молекули кои содржат кислород. Овие молекули предизвикуваат огромна штета врз телото.
Водените мечки за време на нивната состојба на сушење произведуваат абнормална количина на антиоксиданси кои ефективно ги неутрализираат оние злобни реактивни кислородни видови. Делумно поради овој талент, водените мечки можат да издржат повисоко дози на зрачење.
Причината поради која водените мечки еволуирале да преживеат високи дози на зрачење е мистерија. Сепак, Милер укажува на водечка теорија. Можеби водените мечки еволуирале да бидат избришани од страна на ветерот и да преживеат во атмосферата на Земјата, со што би се објаснила не само нивната цврстина, туку и причината зошто се наоѓаат насекаде низ светот.
Како и да е, постојат уште многу работи кои треба да ги дознаеме за овие фасцинантни суштества.