Новата виртуелна автобуска картичка „Скопска“ овозможува електронско купување и валидирање на билет
Неодамна беше пуштена во употреба мобилната апликација „Скопска“ – виртуелната автобуска карта. Од ЈСП истакнаа дека апликацијата е достапна за корисниците на
Aндроид и
iOS оперативните системи.
Апликацијата ги нуди следните услуги:
- електронско купување и валидирање на билет;
- возен ред на автобуси на секоја постојка;
- мапа која ги покажува постојките што се најблиску до нас и
- маршрута на планирање.
Од ЈСП објавија видеоупатство за инсталирање и користење на апликацијата во кое детално е објаснет целиот процес и е наведено како можете да купите и да валидирате билет за едно или повеќе возења или, пак, месечен билет.
Електронските картички „Скопска“ и понараму можат да се купуваат и користат, како и хартиените билети достапни во билетарниците на ЈСП Скопје или преку апликацијата „Mobipay“ за мобилно плаќање.