X
 21.10.2022 Живот

Автобуси на ЈСП и натаму блокираат пред Владата, се чека намирување на долгот кон претпријатието

Улицата пред Владата сè уште е блокирана со неколку автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, додека другите автобуси утрово функционираат нормално.

Претседателот на синдикатот на ЈСП, Миќо Стојановски, синоќа изјави дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска пред Владата останале 15 автобуси.

 - Тоа е еден вид притисок врз Владата за што побрзо да го реши тој клинч околу долговите што Владата ги има кон ЈСП за блок-дотациите за превозот на средношколците и студентите во градот Скопје - рече Стојановски.

Од Град Скопје тврдат дека Министерството за образование и наука им должи 120 милиони денари за субвенциите за вршење превоз на студенти и ученици во средно образование.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот