X
 06.07.2023 Технологија

Како би изгледале познатите згради кога вештачката интелигенција би била архитект

Сиднејската опера, Партенонот, Таџ Махал и Саграда фамилија добија целосно нов хибриден изглед без мешање од страна на архитекти.

Експерти за недвижности од Британија претставија серијал на прикази кои нудат увид во некои од најпознатите светски објекти, редизајнирани во низа различни стилови.

Лево: Емпаер стејт билдинг, редизајнирана во грчки стил; десно: Сиднејската опера редизајнирана во тјудорски стил

Серијалот содржи 15 визуализации креирани со помош на вештачка интелигенција (АИ) и овозможува увид во тоа како сите овие објекти би можеле да изгледаат кога би биле изградени во некоја друга ера и во друг архитектонски стил.

Лево: Бакингемската палата редизајнирана во византиски стил; десно: Биг Бен редизајниран во индустриски стил

Лево: Партенон редизајниран во баухаус стил; десно: Саграда фамилија редизајнирана во современ стил

Идејата била конвенционалниот начин на размислување за архитектурата да се стави на предизвик и да се истражат можностите што се добиваат кога комбинираме различни стилови и пристапи. Тимот се надева дека овој начин ќе поттикне поширока дискусија за улогата на архитектурата при обликување на нашето опкружување и ќе поттикне поекспериментален пристап кон дизајнот.

Бурџ Халифа, редизајнирана во барокен стил

Извор: Gradnja
Фотографии: Get Agent
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија