X
 06.07.2023 Култура

Погледнете го трејлерот за „М“ - првиот македонски постапокалиптичен филм

Во последната деценија хорор-жанрот е преплавен со зомби-содржина. Голем број режисери се одлучуваат за постапокалиптични приказни поврзани со зомби-чудовишта кои го преземаат светот. Меѓутоа, македонската кинематографија не можеше да се пофали со ниту еден филм од овој жанр.

Но, Вардан Тозија го промени тоа режирајќи го филмот „М“, еден од првите македонски филмови со постапокалиптична тематика.

Трејлерот на филмот изгледа светски и може да се каже дека е најдобриот македонски трејлер досега, а филмот изгледа навистина надежно.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција и станува збор за дистописка бајка во која главен лик е 8-годишниот Марк, кој во суровиот свет обземен од таен вирус е во потрага по својата мајка. Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, а костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Маскер е Горан Игњатовски. Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ-Вејзовиќ.



Извор: Facebook
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура