Продажбата на куќи по симболични цени дефинитивно стана тренд во Јужна Европа, а сега му се придружи и една северна земја. Имено, руралниот шведски град Гетене продава 29 парцели по цена од само 1 круна (5 денари) за квадратен метар. Единствен услов е изградбата на куќата да започне во рок од две години од купувањето на парцелата.
Причините за продажбата на земјиштето во ова идилично гратче се рецесијата, стареењето на населението и нискиот наталитет.
Меѓутоа, набрзо по започнувањето на шемата за продажба на околу 30 парцели кои со години стоеја на пазарот, властите мораа да го паузираат наддавањето до почетокот на август поради силен меѓународен интерес.
Секој може да купи парцела - не мора да има живеалиште во Шведска, ниту пак да се обврзе дека ќе живее таму постојано.
Значи, ако топлотниот бран прави Јужна Европа да изгледа помалку привлечно, ова е одлична можност да купите земјиште во постудена област.
Извор:
24sedam.rs
Фото:
Wikipedia