X
 13.08.2020 Живот

Град во Нов Зеланд има официјален волшебник веќе 20 години

Гандалф и Саруман не се единствените волшебници со кои Нов Зеланд може да се пофали дека се од островот. Градот Крајстчрч има официјален волшебник повеќе од 20 години, кој сега е подготвен да ги пренесе своите знаења.

Ијан Брекенбури Ченел се облекува како волшебник со децении. Тој е од Велика Британија, но неговата академска кариера го донела до Австралија, иако подоцна го пронашол својот постојан дом во Крајстчрч.


Фото: Wikipedia

Градот му понудил вработување како волшебник во 1998. Од него се бара да нуди услуги како волшебник со цел да го промовира градот. Оттогаш тој заработува над 10.000 долари годишно како волшебник.


Фото: Wikipedia

Сега има 87 години и бара кандидат кој ќе го замени во неговата работа. Музичарот Ари Фримен (39) пред повеќе години почнал да тренира за работата. Фримен веќе има долга брада, иако улогата на официјален градски волшебник носи и други обврски, како промовирање на локални настани и пречекување странски делегации.


Фото: Wikipedia

Сè уште не се знае дали Фриман ќе биде следниот официјален волшебник бидејќи тоа уште не е потврдено од страна на градскиот совет.

Автор: Мишел Дебџак
Извор: mentalfloss.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот