X
 12.09.2018 Живот

Последиците од нападот 9/11 во еден канадски град - приказна за хуманоста

На 11 септември 2011 година пилотот Беверли Брас, која работела за „Американ ерлајнс“, добила ужасна порака додека летала од Париз до Далас. Терористички напад - авион се срушил во Светскиот трговски центар.

Госпоѓа Бас, првата жена капетан во авиокомпанијата, морала да изврши принудно слетување во Гандер, изолиран град на островот Њуфаундленд, Канада, надвор од североисточниот брег на земјата. Во нејзиниот авион имало 36 патници, на кои им било кажано дека нема да можат да го напуштат градот до наредното утро.

- Бевме во авионот 28 часа. Не беше нешто за кое некогаш сме биле обучени. Ги броевме минутите, часовите - раскажува Бас.

Тие воопшто не биле свесни дека американскиот воздушен простор бил затворен, а 38 авиони што се упатиле кон САД биле пренасочени кон поранешниот воен аеродром од Втората светска војна, единствениот аеродром во близина.

Имало вкупно 6.759 патници и членови на екипажот заглавени во Гандер, четири дена, речиси двојно зголемувајќи го бројот на населениот во малиот град, вршејќи огромни притисоци врз нивните ресурси.

1

9 мачки, 11 кучиња и пар загрозен вид мајмуни кои патувале во авионот исто така биле заглавени.

Иако за нив ова изгледало застрашувачко и долго, тие не знаеле дека всушност се безбедни и далеку од ужасот што се случувал илјадници километри во Америка.

Локалното население на патниците им обезбедило никотински фластери, пелени и 2.000 лекови и работело напорно за да им посака добредојде на исплашените, уморни и збунети патници. Конечно, на неочекуваните посетители им било дозволено да се симнат, земајќи го само горниот багаж.

Голем број автобуси се пријавиле доброволно да ги пренесат луѓето во импровизирани засолништа во училиштата, рестораните донирале храна, семејствата останувале будни со денови за да им готват на гостите. Жителите ги отвориле своите домови за луѓето да ги искористат нивните бањи и обезбедиле скари за приготвување храна. Организирале огромна роденденска забава за смртно болните деца што летале од Лондон во Дизниленд, со перформанси и огромна торта.

2
Фото: Splash News


Дури откако пристигнале и се сместиле, ги виделе катастрофалните снимки, речиси по 30 часа откако нападите го шокираа светот.

Приказната за Гандер и она што се нарекува „Операција жолта лента“ го илустрира најдоброто од човештвото за време на една од најкатастрофалните трагедии во историјата на САД.

Во 2011 година, на десетгодишнината од трагедијата, голем дел од патниците се вратиле во Гандер за да го одбележат моментот, вклучувајќи ги и госпоѓа Бас и нејзиното семејство.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот