X
 06.08.2021 Спорт

Колку чини да се биде град-домаќин на Олимписките игри?

Градовите плаќаат големи суми само за да конкурираат за да бидат домаќини на Олимписките игри. Токио потрошил дури 150 милиони долари кога неуспешно конкурирал за да биде домаќин во 2016 година, открива видео на Би-би-си.

Целосната сума што се претпоставува дека градот Токио ја потрошил за организирање на овогодинешните Олимписки игри изнесува над 15 милијарди долари. Се смета дека ова се најскапите Олимписки игри одржани досега, иако и претходните не биле евтини. Просечните трошоци за организирање Олимписки игри помеѓу 2007 и 2016 изнесувале 12 милијарди долари.

Градовите секогаш трошеле повеќе од планираното, а економистите се скептични за исплатливоста да се биде домаќин на настанот. Олимписките игри носат заработка од спонзорите и договорите со телевизиите, а градовите се надеваат дека ќе имаат економски придобивки како создавање работни места, туризам и инвестиции.



Додека подготовките за Олимписките игри во Барселона во 1992 го претвориле градот во една од најпопуларните туристички атракции во Европа, во Лондон бил забележан пат во странски туристи годината кога се организирале игрите. Истовремено, градбите што се градат за игрите им остануваат на градовите, иако некои воопшто не се користат по завршувањето на настанот.

Затоа, критичарите велат дека организирањето на игрите не е еколошки одржливо. Поради сето ова, во последните години се намалиле градовите кои се пријавиле да бидат домаќин на Олимписките игри, а некои бараат игрите да се одржуваат на една иста локација.

Секако, сè не може да се измери, а има одреден престиж во организирањето на Олимписките игри. Олимписките и Параолимписките игри сепак се за нешто повеќе од само пари.

Извор: BBC
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт