X
 01.11.2018 Забава

Ова се градовите со најдобра храна во светот

„Трип-Адвајзер“ објави нова годишна листа со градови во светот што нудат најдобар избор на храна и највисоки оцени имаат Рим и Фиренца. Топ-10 листата е составена врз основа на коментарите на читателите на интернет-страницата.

Вечниот град е преполн со туристи во секое годишно време, а на врвот од оваа листа се најде поради слаткарниците.

Вториот град на списокот се наоѓа, повторно, во Италија, а тоа е Фиренца. Тука најдобро ќе ве нагостат во трговскиот центар „Меркато Централе“, но и на прошетките низ селата околу градот.

По нив следуваат Париз, Франција и Барселона, главно поради традиционалните кујни. А, потоа се американските Њу Орлеанс и Њујорк. На седмо место е италијанска Венеција, идеална локација за љубителите на вино, морски плодови и, секако, тестенини.

Осми на листата е Мадрид, каде што во Меркадо де Сан Мигел, на пример, туристите може да уживаат во типичниот шпански тапас и во најразлични вина.

На деветто место е Токио, а 10. е Бангкок, најпознат по својот „уличен избор“ на тајландски јадења.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава