Азиско-пацифичките градови доминираат на ранг-листата со најбезбедни градови во светот со тоа што Токио, третпат по ред, се најде на првото место.
Во Индексот за безбедни градови за 2019 година од ЕИУ („Economist Intelligence Unit“), веднаш по јапонскиот главен град се најдоа Сингапур и Осака.
Индексот рангира 60 града според различни фактори, вклучувајќи ги инфраструктурата, здравствената и лична и дигитална безбедност. Оваа година Индексот ги разгледал и факторите за животната средина и „урбаната еластичност“, односно способноста на градот да се врати од шок.
Два европски града се најдоа во првите 10: Амстердам, кој се искачи од шестото на четвртото место оваа година, и Копенхаген, кој заедно со Сеул е на осмото место. Меѓу првите 10 се најдоа и Сиднеј (5. место), Торонто (6. место), Вашингтон (7. место) и Мелбурн (10. место).
Фото: Getty/iStock
Шест од првите 20 најбезбедни града се наоѓаат во Европа, вклучувајќи ги Стокхолм (12. место), Лондон (14. место), Франкфурт (16. место) и Цирих (18. место).
- Од 14 европски града во Индексот, само Истанбул и Москва паѓаат под просекот, кој изнесува 71,2 на глобално ниво - изјави Ирина Миа, глобален директор во ЕИУ.
- Иако европските градови обично имаат добри перформанси кога станува збор за безбедноста, тие имаат проблеми во категоријата дигитална безбедност. Лондон е единствениот европски град што се најде меѓу топ-10 града во оваа категорија - додаде таа.
На другиот крај на спектарот, Лаго, Каракас, Јангон, Карачи и Дака се петте најнебезбедни града, според Индексот.
Топ-20 најбезбедни градови:
1. Токио, Јапонија
2. Сингапур, Сингапур
3. Осака, Јапонија
4. Амстердам, Холандија
5. Сиднеј, Австралија
6. Торонто, Канада
7. Вашингтон, САД
8. = Копенхаген, Данска
8. = Сеул, Јужна Кореја
10. Мелбурн, Австралија
11. Чикаго, САД
12. Стокхолм, Шведска
13. Сан Франциско, САД
14. Лондон, Велика Британија
15. Њујорк, САД
16. Франкфурт, Германија
17. Лос Анџелес, САД
18. = Велингтон, Нов Зеланд
18. = Цирих, Швајцарија