X
 09.11.2021 Живот

„Вера го сонува морето“ победи на филмски фестивал во Токио

На Интернационалниот филмски фестивал во Токио, филмски уметници од Македонија победија со филмот „Вера го сонува морето“, кој е копродукција со Косово и Албанија.
Филмот освои Гран при во конкуренција од 15 филма од целиот свет.

Се работи за дебитантски филм на режисерката Калтрина Красниќи од Косово, работен по сценарио на Дортуна Баша. Македонија е вклучена во филмот преку продукцијата „Дрим фектори“. Нашата актерка Теута Ајдини-Јегени ја одигра главната улога, а учествува и Рефет Абази во ликот на судијата Басри.

На својата светска премиера на годишниот Филмски фестивал во Венеција филмот освои две признанија - за автори под 40 години и за инклузивност.
Во филмот „Вера го сонува морето“ станува збор за жена која по смртта на сопругот паѓа во вителот на непознати семејни настани, изнуда, корупција, манипулации, патријархални ограничувања, преку кој е отсликан општествено-политичкиот амбиент, како на локално така и на регионално ниво.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот