X
 06.09.2018 Наука

Кој орган во човечкото тело е најдолговечен?

Дали знаете дека нашето биолошко стареење, препознатливо најпрво по кожата, не влијае врз сите органи наеднаш? Значи, не стареат истовремено сите органи.

Белите дробови почнуваат да стареат по навршени 20 години, што се рефлектира со забавен капацитет. До 40 години кај некои луѓе има видливи знаци на губење здив, а тоа се јавува поради делумно зајакнување на мускулите и ребрата.

Исто така, мозокот почнува да старее на 20 години, па така од почетните сто милијарди неврони до 40-тата година губиме и до 10.000 неврони дневно, кои влијаат врз меморијата, координацијата и целокупното функционирање на мозокот.

Кожата започнува да старее по 25-тата година, а мускулите губат од силата во 30-тата година.

Градите на жените почнуваат да стареат на возраст од 35 години. Тогаш почнуваат да се намалуваат и да губат тежина, а ареолите околу брадавицата се шират. Од тој момент се зголемува и ризикот за рак на дојката, кој, всушност не е директно поврзан со физичките промени.

Коските губат од квалитетот по 35-тата година, а забите по 40-тата година. Очите започнуваат да стареат со навршени 40 години, исто како и срцето.

Бубрезите и простатата почнуваат да стареат на 50 години.

Слухот почнува да опаѓа од средината на 50-тите, исто како и цревата. До тој момент, доколку се здрави, цревата обезбедуваат добра рамнотежа помеѓу штетните и корисните бактерии. Од 55-тата година, нивото на бактерии значително опаѓа, што се препознава по слабото варење и поголемиот ризик од цревни болести.  

Сетилата за слух и мирис почнуваат да се губат од 60 години. Гласот започнува да старее од 65 години, а се препознава по тоа што станува потивок и порапав. Кај мажите станува потенок и повисок, а кај жените понизок.

Мочниот меур почнува да старее по 65-тата година. Тогаш почнува неконтролирано да се опушта и да се стега, дури и кога не е полн, бидејќи неговиот капацитет станува дупло помал отколку кај младите. Жените  се почувствителни на овие промени бидејќи по менопаузата, уринарниот тракт станува послаб и потенок, па потешко се задржува мокрењето.

Црниот дроб е најдолговечен и почнува да старее дури на 70 години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука