X
 28.08.2016 Наука

Зошто Италија е толку подложна на земјотреси?

На 24 август земјотрес кој изнесуваше 6.2 степени ги разруши градовите Аматриче, Акумоли и Пескара дел Тронто во централна Италија. Земјотресот уби најмалку 268 лица, стотици беа повредени, а над 2.500 луѓе останаа без домови.

 

италија


Жителите на италијанските градови се соочија со нова серија потреси од кои најсилниот изнесуваше 4.2 степени според Рихтеровата скала.

Ова претставува најголемата трагедија што ја погоди Италија од 2008 година, кога земјотрес од 6.3 степени го погоди градот Аквила кој исто така се наоѓа во централниот дел на Италија, убивајќи 308 лица. Ниту еден од овие не беа изолирани настани: уште од 2000 година, Италија се има соочено со над 100 земјотреси над 4 степени и повисоко. Минатиот век, земјотресите убиле над 160.000 италијански граѓани - повеќе од двете светски војни во комбинација.

На секои неколку години, голем земјотрес ја погодува Италија, започнувајќи со тажната рутина: смрт, спасувања, илјадници луѓе со разурнати домови, напори за обновување, градови лишени од нивната „душа“. Политичарите постојано зборуваат за нови политики кои би можеле да ги спречат овие случувања, но подоцна вонредната состојба се заборава и ништо не се менува - се' до следниот земјотрес.

Италија, во споредба со своите европски соседи, е особено подложена на земјотреси поради комбинација од три главни фактори на ризик: геодинамиката на земјата, нејзината архитектура и нејзината култура.

Италија се наоѓа на место каде се допираат две големи тектонски плочи. Оваа геолошка ситуација е јасно видлива: вулканите во Сицилија и островите околу неа. Евроазиската плоча во северниот дел ја опфаќа цела Европа и поголемиот дел од Азија (со исклучок на арапските и индиските полуострови). Африканската плоча на југ ја покрива Африка се' до Антарктикот.

Пред околу 30 милиони години, африканската плоча се судри со европската, со што се родија Алпите. Во исто време, интеракцијата меѓу арапската и индиската плоча ги родија планинските масиви од Пиринеите па се' до Хималаите.

Ова движење од тогаш не запрело. Токму затоа Алпите, и Хималаите постојано растат секоја година: плочите вршат притисок една кон друга и ги принудуваат врвовите на планините повисоко и повисоко. Ова е главната причина зошто големите земјотреси се честа појава во Италија.

Постојат и други европски земји како Грција и Исланд кои имаат голема веројатност да бидат погодени од земјотреси. Меѓутоа развојот и густината на населението во Италија ја прават особено ранлива со голем број жртви, особено затоа што поголем дел од областите со највисок ризик се планински, што значи дека е често лизгањето на земјиштето

Геодинамиката сама по себе не може да се обвини за смртта на толку многу луѓе. Земјотреси со многу повисок интензитет во населените области на Јапонија на пример, предизвикуваат ист број на загинати. Земјотресите не убиваат луѓе, зградите убиваат. А италијанските згради се особено убиствени.

Кога ја замислувате Италија, сигурно мислите на античките римски структури, прекрасни ренесансни цркви и историски плоштади преполни со туристи. „Токму поради ова земјата е толку ранлива“, вели Валтер Фабиети, професор по урбанистичко планирање на Универзитетот во Чиети кој ги проучувал италијанските земјотреси заедно со архитектонската ранливост во изминативе 35 години.

„Подобриот дел од Италија е склон кон земјотреси“, вели тој. Онаму каде зградите се антички, ризикот е повисок. Многу италијански градови имаат мешавина на културни знаменитости, јавни имоти и приватни станови кои датираат уште од средината на 1800 година или порано. Понатаму, градбите пред 1976 година не биле во согласност со никакви анти-земјотресни норми.

Но старите згради не се нужно предодредени да се урнат за време на земјотресот - постојат интервенции кои можат да ги направат побезбедни. Структурната безбедност може да биде подобрена преку структурни подобрувања кои ќе ја зголемат отпорноста на оригиналната зграда.

Италијанската организација за градежништво процени дека заштитата од земјотрес би чинела околу 36 милијарди евра. Иако се чинат многу пари, ова е најразумното решение со оглед на тоа што реконструкцијата после земјотресот чини многу повеќе. Претходните катастрофи беа толку скапи што Италијанците и ден денес плаќаат дополнителни даноци за гориво за да надоместат за парите потрошени за итни случаи во последните 50 години.

Консолидиран план за заштита на италијанските згради треба да се справи со логистички, политички и културни предизвици.

Државата е директно одговорна за јавни објекти што значи обезбедувањето на приватните згради е по иницијатива на сопственикот. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука