X
 06.09.2023 Технологија

Данците ги заменуваат климатизерите со морска вода

Со помош на морската вода Данците ладат дури една третина од хотелските соби во нивниот главен град. Станува збор за еколошки систем во Копенхаген кој би можел да ги замени климатизерите, а ја користи морската вода како главен ресурс.

Како функционира системот?

Во главниот град на Данска одамна постои централното греење, но централното ладење е нов изум кој користи станица за ладење изградена во 2008 година. Работи на тој начин што ја црпи морската вода од пристаништето во Копенхаген, а потоа ја пренесува низ градот.

За разлика од централното греење, кое се испорачува како јавна услуга, централното ладење е комерцијален бизнис. Во текот на зимата се доставува бесплатно по потреба, но во лето се користат и компресори, па се троши струја. Меѓутоа, експертите тврдат дека тој ја намалува потрошувачката на енергија за дури 40 отсто во споредба со клима-уредите.

Хотелите во главниот град на Данска се меѓу главните клиенти на системите за централно ладење. Од 2023 година приближно 8.500 хотелски соби се опремени со овој иновативен метод за ладење на просторот. Ова претставува приближно една третина од сите хотелски соби во градот. Освен хотелите во Копенхаген, неколку банки, музеи и супермаркети исто така го користат ова решение за разладување.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија