Поради тоа што глобалните температури се зголемуваат со алармантна брзина станува се потешко да се избегне потењето за време на летните месеци. Но, технолошкиот гигант „Сони“ има футуристичко решение за проблемот - мал личен клима-уред кој го собира в џеб.
Од компанијата овој личен клима-уред го нарекуваат „Реон Покет“ и тој се носи под вратот во џеб на специјална долна маица. Штом ќе се постави направата, лицето може да ја контролира преку апликација на мобилен телефон.
Според „Сони“, овој уред може да ја намали надворешната температура на телото за 13 степени. Исто така, може и да ја зголеми за 8 степени ако сакате да ја користите направата за затоплување во текот на зимските месеци.
Моментално од компанијата примаат нарачки за клима-уредот и една направа чини од 117 до 175 долари.
Сепак, ќе треба да почекаме додека производот да
стаса кај нас.
Фото: Screenshot/YouTube