Секој петти ден од октомври, секоја година, сѐ почесто можат да се слушнат коментари за пропуштените шанси по петти октомври и тогашната смена на режимот која пробуди надеж, но и донесе многубројни разочарувања во Србија. Но, дали е баш така? Дали тоа е единствената перспектива од која може да се набљудува значењето на демократските промени од 2000 година?
Сѐ поретко се слуша глас од друга перспектива, која ќе покаже како всушност се живеело тогаш.
Овие твитови на еден корисник потпишан како John McClane отсликуваат дел од тогашниот живот.
Прочитајте ги.
„Во 2000 година во Србија немаше електрична енергија 54 дена. Дали тоа денес би ви било нормално? Тогаш нѐ убедуваа дека е, исто како што денес нѐ убедуваат дека е нормално да паѓаат потпорни ѕидови.
(„Ѓердап“ испадна од системот 1998 година, пред бомбардирањето).
Петти октомври го вклучи светлото во Србија (буквално).
Во 2000 година Србија им должеше 13 пензии на пензионерите. Дали тоа денес би ви било нормално?
Во 2000 година Србија им должеше 15 месечни надоместоци на родилките. Дали тоа денес би ви било нормално?
Во 2000 година Железара Смедерево одгледуваше печурки наместо челик. Дали тоа денес би ви било нормално?
Во 2000 година постоеше официјален курс од 6 динари за германска марка по кој само државните функционери откупуваа девизи. Курсот на улица по кој граѓаните ги плаќаа марките беше 40 динари на петти октомври. Дали тоа денес би ви било нормално?
Во 2000 година за да добиеш пасош, требало да добиеш одобрение од војската. Би ви биле потребни 9 документи за да излезете од земјата. Пасоши се издаваа на 9 до 18 месеци. Чинеа 30 марки, а просечната плата беше 60 долари, пензијата 30 долари. Дали тоа денес би ви било нормално?
Во 2000 година Србија им наплаќаше такса од 10 марки на граѓаните што сакаа да излезат од земјата. Дали тоа денес би ви било нормално?
Во 2000 година Србија наплаќаше патарина на автопатот Белград - Суботица. Автопатот Белград - Нови Сад го изгради Ѓинѓиќ и е отворен дури во 2004, а до Суботица во 2014 година. Дали тоа денес би ви било нормално?
Во 2000 година Србија им должеше 3 милијарди долари заштеди на граѓаните кои државата им ги зеде од сметките во банките. Сето тоа е вратено по петти октомври. Дали тоа денес би ви било нормално?
Во 2000 година Србија немаше ниеден договор за слободна трговија.
Извозот во 2000 беше 1,5 милијарда долари.
Извозот во 2017 беше 17 милијарди долари.
Девизните резерви во 2000 беа 400 милиони долари, девизните резерви во 2017 беа 11 милијарди долари.
Дали тоа денес би ви било нормално?
Во 2000 бензинот се купуваше во шишиња од „кока-кола“ од автомобил на ќошот. Се додаваше боја за да личи на грчки наместо на романски бензин. Дали тоа денес би ви било нормално?
Изборите се местеа од 1992 до 2000 година. Сите. Си играа и продаваа гласови за фотелји, станови и професорски места. Секојпат беа фаќани во тоа. Дали тоа денес би ви било
нормално?“