X
 06.10.2019 Живот

Луксузот во кој уживала послугата на Бакингемската палата - сѐ додека работите не излегле од контрола

Ако мислевте дека луксузот во Бакингемската палата може да го искусат само членовите на семејството, тогаш сте згрешиле. Вработените во Бакингемската палата имале сопствен базен, вежбалница, терени за тенис и сквош, хор, библиотека и 24 часа достапно лично советувалиште.

Послугата дури имала и сопствен бар, но менаџментот бил принуден да го затвори поради неконтролираното пиење од страна на членовите.

Поранешниот портпарол на кралицата Елизабета Втора, Дики Арбитер, за потребите на новиот документарец „Тајните на кралската палата“ ги изнесе во јавноста сите „валкани работи“ што се случувале во палатата.

Не е познато дали неконтролираното однесување на послугата довело до трајно укинување на погодностите или одлуката на менаџментот била премногу строга, дали меѓу виновниците биле членовите на стражата на Бакингемската палата. На сите овие прашања Арбитер одговори: - Послугата стана премногу тешка за контролирање, па мораа да се ослободат од барот.

Иако е тешко да се замисли 93-годишната кралица како пие текила со својата послуга, таа е позната по нејзината склоност кон алкохолот. Меѓу нејзините омилени пијалаци е џин помешан со „дубонет“. Кралскиот главен готвач Дарен Мекгреди изјави дека во посебни пригоди кралицата сакала да пие и германско слатко вино со вечерата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот