X
 21.07.2015 Наука

Како пчелите ја одбираат својата кралица?

Илјадници пчели работат постојано и умираат од умор, без разлика дали се машки или женски, додека кралицата живее до 5 години хранејќи се со специјална „кралска храна“. Како пчелите одбираат нова кралица откако старата ќе умре?

Научниците сè уште не се целосно сигурни, но се претпоставува дека некои ларви имаат минимални генетски разлики кои ги прават уникатни и поради кои добиваат различен живот од сите илјадници останати околу неа.

Оваа генетска разлика е поврзана со „кралската супстанца“ која е повеќе присутна во ларвите кои се одбираат како потенцијални кралици. Првата ларва која ќе се разбуди ги убива останатите „кандидатки“, а доколку истовремено се разбудат две ларви, тие се борат до смрт.

Повеќе информации во следното видео.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука