X
 02.09.2015 Живот

Кои се омилените дестинации за патување на пензионерите во светот

Поголемиот дел од пензионерите немаат пари за луксузни патувања. Но, мала група пензионери имаат доволно финансиски средства за да живеат во луксуз дури и кога ќе престанат да работат. „Инвестопедија“ направи мала листа од најлуксузните дестинации за пензионерите во светот.


Кајмански острови

Овие три острови на Карипите имаат прекрасни плажи, по кои се познати. Пензионерите уживаат во пловење, рибарење, нуркање, музика и ноќен живот.


Окленд, Нов Зеланд

Нов Зеланд е познат по својата убавина во секој поглед, а пријателските луѓе и добрата клима прават земјата да биде примамлива за пензионерите. Меѓутоа, мал број пензионери може да си дозволат да се преселат овде поради големите финансиски барања за виза.


Прованса, Франција

Регионот е познат по своите полиња од лаванда и сончогледи, римските урнатини, замоци, тивки села, уникатни улици, надворешни кафулиња. Зимите се совршени за пловење со јахта и голф.


Тоскана, Италија

Регионот се наоѓа во централна Италија. Природната убавина и пејзажите со замоци, цркви, села, историски градови го прават примамлив за пензионерите.


Пловење низ светот на јахта

„The world“ е најголемата приватна јахта на Земјата во која има 165 луксузни апартмани. „Жителите“ таму патуваат низ светот една година уживајќи во најголем луксуз.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот