Индија е 4-та земја по ред во светот кога се работи за загадувањето. Земјата има население од 1,2 милијарда луѓе и индустриска економија во развој, па не е мистерија зошто загадувањтео во земјата продолжува да биде проблем. Загадувањето во Индија е толку лошо што започнале да се случуваат настани кои ги предизвикуваат законите во физиката.
Добредојдовте во езерото Беландур, во близина на Бангалор, Индија. Изгледа убаво, не?
Изминатата година, жителите во близината на езерото имале можност да присуствуваат на неверојатна претстава. Имено, водата од езерото се запалила. Огнот бил предизвикан од големиот број индустриски отпад кој се фрла во езерото.
Вака изгледало езерото неделите пред да се запали.
Огнот, односно чадот, предизвикал алергиски реакции кај луѓето кои живеат во околината.