X
 06.10.2022 Економија

Како растот на каматните стапки ја ублажува инфлацијата?

Инфлацијата е стапката на растот на цените во последниот период од една година. Оваа стапка во Македонија изнесуваше 16,8 отсто во август, според последните податоци од Државниот завод за статистика.

Тоа значи дека парите стануваат сè помалку вредни. Задачата на централните банки е да ја држат инфлацијата под контрола, а средство за тоа е растот на каматните стапки.

Повеќето економисти се согласуваат дека растот на каматните стапки е ефективен начин да се намали стапката на инфлација. Растот на каматните стапки значи дека кредитите во банките стануваат поскапи. Со тоа се ограничува побарувачката, односно се забавува економијата и се намалуваат изгледите дека фирмите ќе инвестираат во работа и дополнително вработување.


Фото: Pixabay

Цените на стоките и услугите се условени од побарувачката за нив. Колку е помала побарувачката, толку е помал и притисокот на цените. Освен тоа, растот на каматните стапки за компаниите значи повисоки трошоци за отплата на кредитите, додека ниската побарувачка значи и дека тие имаат помалку купувачи. Тоа може да резултира со отпуштање работници или прекин на работата. Како се зголемува бројот на невработените, така се намалуваат и приходите.

Крајната последица на ова е рецесијата, а централните банки се надеваат дека рецесијата ќе биде поблага, па затоа се настојува каматните стапки да растат додека инфлацијата не забави. Целта е да се одбегне економски колапс.

Повеќето економисти се согласни и околу тоа дека државната интервенција на страната на понудата, исто така, е ефикасно средство за намалување на цените. Тоа подразбира помош за работниците и ограничување на прекините во синџирите на снабдување. За ублажување на инфлацијата се предложува и построга фискална политика.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија