X
 11.04.2018 Технологија

„Пејпал“ со нови опции

„Пејпал“ планира да воведе дебитни картички кои ќе може да се користат за плаќање и повлекување пари од банкомати. Ова е дополнување на банкарските сервиси, како можностите за депонирање пари на сметката со сликање на чекот, па дури и заеми за мали бизниси. Идејата е да се намамат луѓе без сметки во банка да почнат да ја користат платформата, а не да се намамат постојните клиенти на традиционалните банки.

„Пејпал“ веќе неколку месеци ги тестира своите нови понуди во САД, така што се врза со неколку мали банки кои управуваат со овие неколку функции. Треба да се нагласи дека компанијата и претходно издаваше картички.


Фото: The Next Web

Ќе биде интересно да се види дали ова ќе му помогне на „Пејпал“ да земе дел од колачот на големите банки. Новата картичка им овозможува на корисниците да прават нешта што не би можеле да ги прават со кеш, како букирање на Airbnb или повикување на Uber.

Сепак, оваа компанија нема да биде единствената од технолошкиот сектор која во блиска иднина ќе влезе во финансискиот бизнис. Наводно „Амазон“ работи на основање сопствен сервис.

Изгледа дека иднината на потрошувачкото банкарство не е многу поврзана со традиционалните банки.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија