X
 05.06.2021 Економија

Цените на производите ќе продолжат да растат до крајот на годината, смета ОЕЦД

Цените растат насекаде низ развиениот свет, а инфлацијата во земјите-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во април била на највисоко ниво од 2008 година, кога се случи глобална финансиска криза. Инфлацијата во овие земји се зголемила од 2,4% во март на 3,3% во април.

Растот на цените бил најмногу предизвикан од цените на електричната енергија. Меѓутоа, цените низ светот се зголемени и доколку се исклучат трошоците за храна и електрична енергија. Инфлацијата изнесувала 1,8% во март и 2,4% во април без цените за храна и електрична енергија.


Фото: Pixabay

Во 38. земји што се членки на ОЕЦД, меѓу кои се и Грција и Словенија, цените растат со различна брзина. Во САД инфлацијата пораснала на 4,2% во април, додека во Германија цените се зголемиле за 2% во тој месец. Зголемените цени предизвикале инфлација во 19 земји што го користат еврото како валута.

Засега нема консензус помеѓу економистите за тоа дали инфлацијата е привремен феномен кој ќе исчезне бидејќи државите сè уште се враќаат во нормала по пандемијата или растот на цените е почеток на нов тренд кој ќе има огромно влијание врз работниците и компаниите.

ОЕЦД очекува зголемувањето на цените да престане до крајот на годината со враќањето на економијата во нормала, но економистите од организацијата не очекуваат голем циклус на зголемување на платите.

Извор: CNN
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија