Како што пишува „Bloomberg“, Русија се соочува со недостиг на работна сила, па затоа и имигрантите од муслиманските земји би можеле да бидат добредојдени во оваа земја. Дополнително, освен економската логика, Русите немаат проблем да живеат заедно со муслиманите, затоа што тоа веќе го имаат искусено со векови наназад.
„Владините медиуми ја критикуваат Европската Унија затоа што прима неконтролиран број мигранти од Блискиот Исток и од Африка, а истовремено прима луѓе од истите земји, но и од многу други. Во Русија властите ги третираат антиимигрантските ставови како неприфатлива форма на национализам“, пишува рускиот весник „Независимаја Газета“.
Русите стотици години живеат заедно со муслиманите, а исламот е втора по бројност религија во земјата, затоа што околу 15 проценти од вкупното население во Русија се муслимани.
Освен тоа, Русија е опкружена главно со муслимански земји на југ и на исток, па на Путин му е многу важно да не ја следи реториката на Доналд Трамп, па да влезе во некаква форма на војна со исламот. Тоа во Русија не е можно да се случи, тврди „Bloomberg“.
Русија прифати бегалци и мигранти од Блискиот Исток, Африка, но и од многу поранешни држави од СССР, како Казахстан, Узбекистан, Таџикистан, Азербејџан...
„Имигрантите отсекогаш биле важен дел од руското општество и економија. Во секторите продажба, одржување, трговија, градежништво, услужни дејности и многу други, мигрантите се незаменливи. Русија економски и културно не може без мигрантите и тоа му е јасно и на Путин“, вели Андреј Мовчан, директор на економскиот оддел на „Карнеги Центар“ во Москва.
И надворешната политика на Русија во добар дел негува добри односи со муслиманските држави. Впрочем, најголем сојузник на
Русија е Иран, а Москва е во добри односи и со многу други муслимански земји, како што се Сирија, Египет, Либија, Пакистан, Казахстан... а во последно време, на овој список може да се најде и Турција.