X
 06.10.2022 Наука

Сите континенти ќе се спојат во еден суперконтинент во иднина

Во следните 300 милиони години сите континенти на Земјата ќе се спојат и ќе формираат нов суперконтинент наречен Амазија. Во процесот ќе исчезне Тихиот Океан.

Ова се вели во ново истражување од Универзитетот „Картин“, во кое се прикажува геолошката иднина на нашата планета. Во последните две милијарди години континентите на Земјата се спојуваат во суперконтинент на секои 600 милиони години. Ова значи дека моменталните континенти ќе се спојат повторно во иднина.

Истражувачите користеле четиридимензионално геодинамично моделирање на тектонските плочи на Земјата за да откријат зошто претходните суперконтиненти се формирале на различни начини.

Истражувачите веќе го нарекле новиот суперконтинент Амазија бидејќи веруваат дека Тихиот Океан ќе се затвори кога Америка ќе се спои со Азија. Австралија би требало прво да се спои со Азија пред да ги спои Америка и Азија.

Сепак, ова е само една од многу хипотези за движењето на континентите. Според друг модел, Атлантскиот и Индискиот Океан ќе исчезнат наместо Тихиот.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука