За оние што се наоѓаат на северната хемисфера, неодамнешното цвркотење на птиците и расцутувањето на цвеќињата се добредојдени знаци дека пристигна пролетта.
Новото видео објавено од Националната управа за океани и атмосфера покажува неверојатен поглед на тоа како промената на годишните времиња изгледа од вселената.
Видеото со голема брзина ја прикажува површината на нашата планета, секојдневно во текот на изминатата година. Снимките се направени со сателитот „ГОЕС-Ист“ на Националната управа за океани и атмосфера, кој орбитира повеќе од 35.000 километри над екваторот на Земјата. Бидејќи сателитот орбитира со иста брзина со која ротира Земјата, тој постојано ги набљудува истите региони, вклучувајќи го најголемиот дел од Америка, Карибите и Атлантскиот Океан.
Од гледна точка во вселената, сателитот го следи работ што ги дели ноќта и денот на Земјата. Во новото видео можете да видите како оваа зона на самракот, наречена терминатор, постојано се менува во текот на годината. Тоа е затоа што нашата планета е навалена за 23,5 степени на својата оска, што влијае врз должината на деновите и ноќите.
Извор:
Space.com
Фото: Twitter/Screenshot