Сигурно дека еден ден нема да се разбудите и да го видите Јупитер на небото, но две неверојатни анимации покажуваат како би изгледало тоа.
Астрономот-аматер Николас Холмс на својот јутјуб-канал објавува видеа за вселената. Едно од нив покажува како би изгледало ако планетите во нашиот Сончев Систем орбитираат околу Земјата на растојание колку што е оддалечена Месечината.
Второто видео го прикажува истото сценарио - парада од планети на небото над еден град, навечер.
- Сакав да видам како ќе изгледа - изјави Холмс за „Бизнис инсајдер“.
Така, тој направил видео од небото над Хантсвил, Алабама, и ја заменил Месечината со другите планети. Анимациите подолу се резултат на неговата работа.
Џејмс О'Донг, планетарен научник кој работи во Јапонската вселенска агенција, вели дека големината на планетите во видеото е точна.
Во видеото го нема Меркур затоа што е малку поголем од нашата Месечина.
Холмс направил и ноќна верзија од
сценариото. Видеото во продолжение ги покажува прстените околу Уран, а се појавува и месечината на Сатурн.