Погледот кон планетата Земја од вселената е релативно чест кога е направен од Меѓународната вселенска станица, но поретко можат да се видат погледи од камери и фотографи кои не се поврзани со вселенската програма. Тимот на „Инста360“ соработуваше со „Њумакелт“ за да ја испрати својата мала камера „уан екс2“ доволно високо на небото за јасно да ги види темнината на вселената и заобленоста на Земјата.
Од „Инста360“ велат дека ја монтирале камерата „уан екс2“ и создале еден вид „дрон“ кој нуди панорамски поглед на Земјата.
Камерата „инста360 Уан екс2“ беше најавена во октомври 2020 година. Станува збор за водоотпорна камера од 360 степени до 10 метри под површината, но спецификациите не кажуваат ништо за нејзината способност да преживее во орбитата блиску до Земјата.
„Њумаклет“ се опишува како организација која им овозможува на членовите на локалната заедница да започнат иновативни, креативни, претприемачки или ученички подвизи, обезбедувајќи им физички простор, алатки и технологија за да ги претворат идеите во реалност. Очигледно идејата беше да се закачи камерата на она што изгледа како еден тип балон и да се види што ќе се случи.
Балоните (аеростатички воздухоплов) обично достигнуваат помеѓу 30 и 37 километри надморска височина, што се совпаѓа со тврдењето на „Инста360“ дека балонот и камерата лебдеа на 30 километри и останаа таму два часа. Иако камерите достигнуваат слични височини и продолжуваат да функционираат, не е невообичаено и се прави многу години, сепак, е импресивно да се мисли дека релативно достапните камери на ниво на потрошувачи можат да преживеат и да работат на минус 56 Целзиусови степени речиси два часа.
Погледнете го видеото.
Фото: Instagram