X
 06.11.2019 Живот

Трите златни правила на Данците за среќен живот

По првите неколку недели живот во Данска, Британката Хелен Расел била убедена дека нејзиниот сопруг добил отказ - секој ден од работа си доаѓал во 15:30 часот.

Кога сфатила дека во оваа земја е нормално луѓето да работат помалку часа, но затоа времето го трошат поефикасно, таа одлучила да напише за тоа бидејќи, како што вели, секоја земја во светот може од Данска да научи три важни лекции.

Според нејзините зборови, за сè се „виновни“ трите правила што се почитуваат во оваа земја.

Имаат доверба во работниците


Факт е дека Данците се гордеат со пократко работно време и задолжителна пауза за ручек во текот на работниот дел. Покрај тоа, според нивниот закон, секој работник има минимум пет недели одмор во текот на годината, што се покажало како корисна тактика за мотивација и поттикнување на работникот. Данците со текот на времето научиле дека одморениот и свеж работник е добар работник. Сè друго е мачење.

danska

Но, не е поентата во тоа дека данските работодавци се прекрасни луѓе кои повеќе се грижат за своите работници отколку за профитот на компанијата - напротив! Тие изградиле систем во кој работникот има скратено работно време, но затоа пак е многу поефикасен во текот на работата. Затоа работодавецот е уверен дека овој човек што дошол на работа всушност си ја работи работата - работникот не седи пред компјутер и не чека да дојде 17 часот за да си оди дома.

Покрај тоа, во Данска воопшто не е реткост сами да одберете кога ќе ви почне, а кога ќе ви заврши работното време, бидејќи работодавецот не се грижи за тоа. На работодавецот му е важно работата да биде завршена правилно. Кога ќе ја заврши, тоа зависи од работникот.

Луѓето се поттикнуваат да го ценат своето семејство

Хелен вели дека во Велика Британија е срамота ако некој види дека имате семејна обврска во дигиталниот календар на работа - тоа на работодавецот му дава до знаење дека не сте доволно посветени на работата. Данците имаат обратен пристап. Кај нив луѓето се поттикнуваат да го стават семејството на прво место. Но, тоа не го прават само поединци, туку се прави на ниво на цела држава.

Така, за парите што Данците ги даваат за децата не се плаќа данок, државата обезбедува совршено уредени домови за постари луѓе кои не можат да живеат сами, нивниот образовен систем е така формулиран што не се базира на бесмислени тестови, туку на учење поради кое децата доаѓаат среќни од училиште. Имаат многу практични предавања и ги учат предметите преку забава.

Поради тоа, родителите поминуваат помалку време на работа, а повеќе време им посветуваат на децата, па јасно е зошто нивните деца растат во среќни луѓе.

Тие ги користат слободните денови


Во Данска е јасно - ако имаш пет недели одмор, ќе ги искористиш сите пет недели без чувство на срам или страв дека кога ќе се вратиш ќе начекаш нов колега на твоето биро. За ова може да му се заблагодарат на ставот дека одморениот и среќен работник е најдобриот работник, но и најздрав работник. Можеби затоа Данците трошат значително помалку пари на доктори отколку другите народи во светот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот