Во Европа во последно време има сѐ повеќе облакодери, па познатото американско прашање зошто не се градат облакодери во европските градови повеќе држи вода.
Поголемиот дел од нив се во неомодернистички стил, но Скандинавците секогаш се подготвени да направат чекор понапред. Така, зградата „Кактус тауерс“ беше прогласена за најдобра висококатница во Европа за 2024 година на годишната конференција на Советот за високи згради и урбано живеалиште.
Ако во Минск или Чикаго има градби во облик на пченка, што е логично, бидејќи во Белорусија и Илиноис пченката се одгледува во големи размери, не е многу јасно каква врска со земјоделството и флората имаат кактусите во Данска, па од оваа нејаснотија може да се заклучи дека архитектонското студио „Бјарке инглес груп“ или БИГ ги споило оригиналноста и функционалноста.
Но, кактус-кулите се дел од поголем архитектонски комплекс со подолга историја. Кон средината на минатата деценија Копенхаген одлучи да урбанизира стари евтини згради и да ги претвори во скапи згради, во областа помеѓу водена површина и железничката станица „Диболсбро“, па во 2017 година БИГ ги откри своите идејни решенија за проектот во строгиот центар на Копенхаген.
Проектот опфати продавница на ИКЕА, хотел со прифатливи цени, но и станбени згради поврзани со зелени површини. Како значаен дел од проектот, БИГ дизајнира две високи станбени кули познати како „Кактус-кули“ поврзани со јавен парк. Повисоката кула е 80 метри, а проектот беше комплетиран оваа година.
Кулите се наоѓаат на едно од најубавите места во градот со прекрасен поглед на Вестербро, централниот дел на Копенхаген и крајбрежјето.
Станбените кули имаат 495 соби за млади (така ги нарекле самите дизајнери, а всушност станува збор за студија), кои се за изнајмување, но не и за продавање, распоредени како зрнца од пченка околу шестаголно јадро.
Секој кат е дизајниран да понуди панорамски поглед за секоја станбена единица. Исто така, секоја станбена единица има специјално дизајниран ентериер во стилот на скандинавски минимализам, со многу природна светлина, а терасите нудат приватност.
Становите од зградите веднаш пополнети
- Воодушевени сме што кулите ја добија оваа архитектонска награда. Освен нивниот архитектонски израз кој го редефинира хоризонтот на Копенхаген, кулите го демонстрираат концептот на модерен општествен живот што ги задоволува потребите на денешницата. Од самиот почеток становите беа издадени, што е сведоштво дека побарувачката за овој имот е голема - изјави Мортен Густафсон, генерален менаџер на „Катела инвестмент менаџмент денмарк“, компанија-инвеститор на овој проект.
Извор:
Gradnja.hr
Фото: CTBUH