X
 06.11.2022 Живот

Видеоигрите се добри за развивање на когнитивните способности

Децата што играат видеоигри имаат подобри когнитивни способности во споредба со децата што не играат, покажува ново истражување.

Резултатите се добиени врз основа на анализа на 2.217 деца. Според истражувачите, кај децата што играат видеоигри имало разлики поврзани со нивото на кислород во крвта во региони од мозокот кои се поврзуваат со контрола на инхибиција и работната меморија.

- Овие резултати покажуваат дека видеоигрите може да бидат поврзани со подобри когнитивни способности за инхибиција и работна меморија и со промени во основните кортикални патишта - напишале истражувачите.

Ова не е прво истражување кое покажало врска помеѓу видеоигрите и когнитивните способности, но многу трудови покажале дека видеоигрите истовремено го зголемуваат агресивното однесување кај децата. Затоа, резултатите за поволностите на видеоигрите се мешани.

Извор: Mashable
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот