X
 06.12.2015 Образование

Што го прави Париз најдобар град за студентите?

Како и повеќето низ светот, сите бевме вознемирени поради настаните што се случија на 13 ноември во Париз. Тоа беа неколку терористички напади извршени истовремено низ градот. Париз е променет оттогаш, но откако се вратил во нормала, речиси сè е како порано. Годинава, градот беше прогласен за најдобар студентски град во светот за 2016 година. Резултатите од QS беа објавени пред терористичките напади

Што го прави Париз најдобар град за студентите?

Во Париз има 18 универзитети кои се натпреваруваат на светско ниво и честопати се наоѓаат на врвот на листите од најдобри високообразовни институции. Ана Гренбург за „Гардијан“ изјавува дека студирањето во Париз е можност од соништата.

Поради институциите од светска класа, Париз привлекува меѓународна публика. Тука студираат луѓе од целиот свет. Францускиот е официјален јазик и се користи во наставата на повеќето универзитети.

Студентите доаѓаат на париските универзитети за квалитетот и добрата вредност. Школарината за студии во Париз просечно изнесува 2.400 долари (на приватни универзитети). Школарината за државните универзитети изнесува 200 евра. За жал, скапото сместување е неизбежно во Париз.

Освен сместувањето, студентскиот живот во Париз не е многу скап. Низ градот има универзитетски кафетерии и ресторани кои служат добра храна за пониски цени.

За многу студенти, битен е и културниот живот. Таму може да видите светски познати бендови за 10-на евра. Во театарот се нудат многу претстави за младите, а квалитетот е првокласен.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование