Сервисот за стриминг на музика „Спотифај“ објави листа со најголемите песни, албуми и изведувачи во последните 10 години и откри дека изведувачот чија музика луѓето најмногу ја стримувале е Дрејк.
Раперот собрал повеќе од 28 милиони стримови, а неговата најпопуларна песна „One Dance“ е пуштена 1,7 милијарда пати. На второ место е Ед Ширан, а веднаш по него се Пост Малон, Аријана Гранде и Еминем.
Најслушана песна во изминатава деценија е „Shape Of You“ на Ед Ширан, која е пуштена 2,4 милијарди пати.
Најслушана песна во 2019 година е „Senorita“ на Шон Мендез и Камила Кабело. Песната беше објавена во јуни, а оттогаш е преслушана милијарда пати. Веднаш зад неа се најде песната на Били Ајлиш - „Bad Guy“ со 900 милиони стримови.
Били Алјиш се најде и на врвот на најпопуларни албуми со нејзиниот дебитантски албум „When We All Fall Asleep Where Do We Go“.