X
 06.12.2022 Култура

Српската издавачка куќа „Лагуна“ ги објави српските верзии од книгите на „Светот на Биби“

Најголемата издавачка куќа во Србија, „Лагуна“, ги објави изданијата од „Светот на Биби“ на српски јазик. Сега, српските читатели имаат можност да ги читаат книгите „Бонтон за деца“, „Светот на Биби од А до Ш“, „Рудникот на Џемаил“ и „Мајстор за снежни лудории“ преведени на српски јазик.

„Бонтон за деца“ и „Светот на Биби од А до Ш“ се во подготовка и месецов ќе бидат пуштени во продажба, додека сказните „Рудникот на Џемаил“ и „Мајстор за снежни лудории“ веќе може да се купат во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Билјана Црвенковска е автор на сите четири книги преведени на српски, додека за илустрациите се заслужни Тхе Мичо и Магдалена Тофиловска.

Издавачката куќа „Лагуна“ е основана во април 1998 година. 20 години подоцна, „Лагуна“ е најголемиот српски издавач и лидер во регионот кој воведе светски стандарди во производството и нуди современи наслови. Оваа издавачка куќа има објавено речиси 5.000 наслови од широк спектар на области, повеќе од 1.400 странски автори и српски автори.


Фото: Screenshot

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура