Книгите отсекогаш биле важни за милијардерите како Џеф Безос, Бил Гејтс и Илон Маск. Низ годините тие често посочуваат одредени книги што им влијаеле на некој начин и врз нивна основа го креирале погледот на светот. Ова се книгите за кои сметаат дека секој треба да ги прочита:
1. „Остатоците од денот“ од Казуо Ишигуро
Портрет на Стивенс, совршениот батлер и неговиот свет во Англија по Втората светска војна. По завршувањето на неговата работа во „Дарлингтон хол“, поминува ден во возење, а се впушта и во пат кон минатото, во обид да се увери дека му служел на човештвото со тоа што му бил слуга на „голем господин“, лорд Дарлингтон.
2. „Сем Валтон: Направено во Америка“ од Сем Валтон
Приказна за американски херој Сем Волтон, од сопственик на мала продавница, до најголем продавач на мало во светот. Сепак, не го изгубил допирот со реалноста и скромноста. Скромен, но секогаш сигурен во своите амбиции и постигнувања.
3. „Мемоарите на претседателот“ од Алан Гринберг
Алан Гринберг, поранешниот претседател на „Беарс“, „Стернс“ и филантроп, познат по неговите мудри мемоари. Содржат уникатна и едноставна филозофија за менаџментот. Донесување одлуки врз основа на здрав разум и избегнување на тешкиот менталитет. Ослободување на мотивираните, интелигентни луѓе од синџирите на наредувањето. Скромност, скромност, скромност.
4. „Градено да трае: Успешни навики на визионерски компании“ од Џим Колинс
Книга за проект на бизнис-школата од Универзитетот „Стенфорд“, кој траел 6 години – во него се анализирани неверојатни компании и нивните методи за успех. Се поставува главното прашање – што ги одвојува овие компании од другите?
5. „Црниот лебед“ од Насим Талеб
Истражување на среќата, неизвесноста, веројатноста, човечката грешка, ризикот и донесувањето одлуки во светот кој не го разбираме.
6. „Подобрите ангели од нашата природа: Зошто насилството е намалено“ од Стивен Пинкер
Денес можеби живееме во најмирниот период на човештвото. Авторот Пинкер покажува дека иако има многу информации и вести за војни, криминал и тероризам, насилството всушност е намалено.
7. „Човекот кој го нахрани светот“ од Леон Хесер
Д-р Норман Борлауг, еден од најголемите светски херои, спасил повеќе од милијарда луѓе од глад. Добил Нобелова награда за мир, Претседателски медал за слобода и Златен медал од Конгресот.
8. „Витални прашања“ од Ник Лејн
Земјата се соединува со животот: во океаните, шумите, небото и градовите. Сепак, има црна дупка во срцето на биологијата. Не знаеме зошто е толку комплексен животот или како воопшто почнал. Книгата нуди решение на виталното животно прашање: Зошто сме такви какви што сме и зошто сме тука?
9. „Како функционира Азија“ од Џои Стадвел
Економските чуда од Источна Азија и стратегиите за развој. Истражување за тоа како економиите на 9 земји (Јапонија, Јужна Кореја, Тајван, Индонезија, Малезија, Тајланд, Филипини, Виетнам и Кина) се одвиваат и се развиваат.
10. „Митот за силниот лидер“ од Арчи Браун
Приказна за политичкото лидерство во изминатите 100 години. Се разјаснува верувањето дека силните лидери (оние што доминираат) се најуспешни и луѓето најмногу им се воодушевуваат. Книгата нè потсетува добро да размислиме за кого го даваме гласот и кој ќе нè води во иднина.
11. „Бенџамин Френклин: Американски живот“ од Валтер Исаксон
Исаксон ја раскажува приказната на најфасцинантниот основач на Америка, кој помогнал во дефинирањето на националниот карактер.
12. „Од нула до еден: Забелешки за стартапи или како да се изгради иднината“ од Питер Тиел
Тајната на нашето време и дела, уште има простор за истражување и нови иновации за креирање. Книга на легендарниот претприемач и инвеститор кој покажува дека можеме да најдеме сингуларни начини за да креираме нови работи.
13. „Автостоперски водич низ галаксијата“ од Даглас Адамс
Херојот во книгата е Артур Дент, а опишано е неговото патување низ галаксијата со неговиот смешен пријател Форд Перфект. Дент е киднапиран од Земјата, неколку моменти пред космичкиот тим за конструкција да ја избрише планетата за да изгради автопат. Сè на сè, одлична и смешна научна фантастика.
14. „Нашата последна иновација“ од Џејмс Барат
За помалку од една деценија вештачката интелигенција може да ја надмине човечката. Корпорациите и владите низ светот инвестираат многу пари во неа. Научниците дебатираат дали е ова револуција или најголема закана за човештвото.
Книга која го истражува овој „феномен“ и насоката во која се движи.
15. „Фондацијата“ , трилогија на Исак Асимов
Модерна фикција – трилогија која во 1966 година ја доби наградата „Хуго“ за најдобра серија на книги на сите времиња. И по повеќе од 50 години од објавувањето уште е неверојатно, провокативно и инспиративно дело.