X
 06.12.2023 Живот

Што значи „риз“, зборот на годината според Оксфордскиот речник?

Колку сте добри во флертување со потенцијален партнер? Можеби имате „риз“ (англ. rizz), а не знаете за тоа.

Овој збор е збор на годината според Оксфордскиот речник. Тој доаѓа од англискиот жаргон, а опишува шарм и привлечност.

Зборот бил одбран за збор на годината од вкупно осум збора што биле земени предвид. По гласањето на интернет, четири збора влегле во потесниот избор, а експерти го одбрале победникот.

Доколку англискиот јазик не ви е мајчин и сте родени пред 1996 година, не сте припадници на генерацијата З, па веројатно овој збор не ви значи ништо. Меѓутоа, тој е многу популарен меѓу корисниците на социјалните мрежи кои се припадници на оваа генерација.

Според Оксфордскиот речник, „риз“ ја опишува способноста за привлекување романтичен партнер, а претставува кратенка од англискиот збор за харизма. Постои и глагол „риз ап“ (англ. to rizz up), што значи да привлечеш, заведеш или флертуваш со некого.

Зборот станал популарен откако бил користен од инфлуенсерот Каи Сенат. За неговата популарност придонело и интервју со актерот Том Холанд од веб-страницата „Базфид“, во кое актерот бил прашан што е тајната на неговиот „риз“. Холанд одговорил дека нема „риз“ и дека ја освоил неговата партнерка, актерката Зендеја, со упорност.

Минатиот месец речникот на „Колинс“ го прогласи „вештачка интелигенција“ за збор на годината.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот