Вработен во една транспортна фирма во Германија дал отказ бидејќи сметал дека не му се исплати да работи.
Хорст Котмејер, директор на фирмата, открива за локалните медиуми дека неговиот поранешен работник сметал дека повеќе му се исплатело да прима основен граѓански доход од државата и да работи на црно. Котмејер смета дека оваа практика би можела да стане честа во земјата.
- Работникот е во средните 30-ти години и рече дека може да заработува повеќе ако работи на црно и живее од државна помош, односно „бургергелд“ - вели Котмејер.
Поранешниот вработен бил во фирмата девет месеци и заработувал 14 евра на час за својата работа во складиште. Тоа е почетна плата во фирмата.
Државниот доход изнесува 502 евра, а на граѓаните што го добиваат им се плаќаат и трошоците за станарина и греење. Котмајер стравува дека на неговиот поранешен вработен може да му се придружат и други колеги.
- Сѐ уште нема индикации дека работниците би можеле да го направат истото како мојот поранешен работник, но опасноста е тука. Луѓето мислат дека не вреди да се работи ако оние што добиваат помош за нелегална работа имаат повеќе приходи од оние што се вработени - Котмајер.
Следната година државниот приход во Германија ќе се зголеми на 563 евра месечно.
Извор:
Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay