Конечно, вистинска корист од смартфоните!
Тим истражувачи од универзитетот „Колумбија“ водени од д-р Самуел К. Сија, штотуку измислиле мал и евтин додаток за мобилен телефон кој може да открива и дава дијагнози за личност со ХИВ и сифилис за само 15 минути.
Корисниците и пациентите ќе може да го проверуваат здравјето кога ќе посакаат со овој додаток.
Алатката се поврзува со слушалка на било каков смартфон или друг електронски уред со слушалки и апликации. Доволно е мал да го собере во една рака, а неговата изработка чини само 34 американски долари. Обичната опрема за тестирање на ХИВ чини околу 18.450 долари.
Досега, уредот бил тестиран само за ХИВ и сифилис во неразвиените земји.
Со зголемувањето на откривањето на заразените од сифилис смртните случаи ќе бидат намалени десетпати!