Психологот на Харвард, Ејми Кади вели дека ако сакате да добиете поголема самодоверба тогаш дефинитивно не треба да бидете наведнати над вашиот компјутер на работа.
Кади е авторка на книгата „Presence: Bringing Your Boldest Self to Your Biggest Challenges“, која открива моќни начини за тоа како вашиот став може да влијае врз вашите мисли и емоции.
Не само што се правиме да се чувствуваме помали и понемоќни, туку и создаваме чувство на немоќ кога го поставуваме нашето тело во оваа позиција додека сме на работа, вели Кади.
На нејзиниот неодамнешен говор, Кади наведе неколку мали приспособувања кои луѓето можат да ги направат на работа и кои ќе им помогнат во подобрувањето на нивното присуство и нивната продуктивност.
1. Седете исправено
Присуството укажува на тоа дека експанзивните пози, на пример позата на „Wonder woman“ може да направи да се чувствуваме како да сме главни. Кога сме легнати во нашето столче, ние му испраќаме порака на мозокот дека сме мали и изнемоштени.
Исправеното седење пак, укажува будност.
2. Чувајте ги предметите надвор од дофат на рацете
Најдобриот начин да задржете експанзивен став е самите да се натерате да го направите. Советот на Кади е да ги ставите вашите основни предмети - пенкало, хартија, телефонот, доволно далеку такашто ќе ви биде потребно поголем простор за да ги дофатите.
Ако тие ви се на дофат цело време, тогаш лесно е да не се движите.
3. Ставете ги сликите повисоко
Ако имате канцеларија која го овозможува ова, тогаш Кади советува вашите семејни фотографии и фотографиите од пријателите да ги закачете што можете повисоко, за да можете да гледате нагоре.
Овој едноставен чин доведува до подобро чувство на присуство.
4. Движете се колку што можете повеќе
Ако постојано се излежувате на вашето биро, потребно е да се разбудите и да започнете да се движите наоколу.
Во нејзиниот говор Кади ја раскажа приказната за нејзиниот прв состанок со нејзиниот сегашен сопруг. Наместо да седат во тесното кафуле, тие отишле на прошетка. Според истражувањата на Кади, самиот акт на одење на прошетка овозможува поголем проток на крв во мозокот.
Луѓето кои шетаат за време на состаноците речиси гарантирано се чувствуваат поприсутни, вели Кади.