X
 07.01.2017 Технологија

Во иднина компаниите ќе треба да ангажираат директор за вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција изгледа дека е една од најчестите теми во светот на технологијата денес.

Помага во поставувањето на вистинските рекламни пораки во вашата социјална мрежа, ви ги покажува препораките за купување на одредени продукти, а наскоро ќе го насочува и вашиот автономен автомобил низ градот.

Со други зборови, секоја успешна компанија би требало да размислува за користење на вештачката интелигенција. Експертите сметаат дека потребно ќе биде да се вработуваат службеници и директори за вештачка интелигенција, односно да се креира тим кој ќе работи со користење на вештачка интелигенција.

Според нив, вештачката интелигенција е новата електрична енергија и во иднина ќе биде суштинска за успешноста на секоја компанија. Таа ќе ја трансформира секоја индустрија во светот и ќе создава голема економска вредност.

Технологијата навистина нуди голем број можности, но мора да биде контекстуализирана и да се вклопи во бизнисот. Со самиот нејзин напредок и компаниите ќе бидат принудени за воведување на промени, со цел модерно и успешно водење на бизнисите, а преку вештачката интелигенција и голем број од работните процеси ќе бидат олеснети.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија