Конечно одлични вести за преведувачите и сите останати чие поле на работа бара превод од македонски на англиски и обратно!
Апликацијата „
Business Dictionary MacEng“ претставува двојазичен речник - прв од овој вид во форма на мобилна апликација.
„Едноставноста на интерфејсот и функционалностите, како и привлечноста на дизајнот, го прават незаменлива алатка не само за преведувачите туку и за студентите и за секој човек од деловната сфера на работа“, вели создавачот на апликацијата, Анета Наумоска.
Апликацијата работи и на iOS и на Android, а содржи над 10.000 реченички единици, вклучувајќи колокации, фрази, национални и меѓународни институции и асоцијации (со нивните акроними) како и валути, од повеќе полиња - од банкарство, инвестиции, маркетинг, осигурување, продажба, ревизија, сметководство па се' до финансии и човечки ресурси.