Ова го знаеме сите: најголемата жртва на автоматизацијата се
работниците што во фабриките работат на производна лента. Пред да
помислите дека ова правило важи само за производство на автомобили и
големите машинерии, размислете уште еднаш: револуцијата веќе почна, а
ако ве интересира за што се работи, слободно гуглајте за роботизацијата
во Донгуан во провинцијата Гуангдонг.
Дали сте знаеле дека вештачката интелигенција доби цел филм и потоа го направи овој форшпан? Многу експерти ќе се согласат дека ова видео не е совршено, но дозволете му неколку години на „авторот“ и ви гарантираме – критичарите „ќе ги голтнат своите зборови“!
3. Преведувачи и учители по странски јазици
Кој повторно ни ги „меша лончињата“? „Гугл“ и неговата вештачка интелигенција, се разбира. Проектот „Гугл транслејт“ се развива со години, со тоа што најголемиот напредок настапи со префрлувањето на неутрална мрежа.
Наместо споредувањето зборови и фрази и дополнителното преведување, новиот пристап користи контекстуален превод. На пример, постојат зборови кои тешко се преведуваат на друг јазик. „Гугл“ ги цепка речениците на помали делови и со помош на контекстот го создава преводот.
4. Правни работи и адвокатура
Првата вештачка интелигенција специјализирана за право веќе е во погон, и за една минута извршува повеќе работи од стотина човечки современици.
Името на ова чудо од адвокат е РОСС, а неговата супермоќ е копање на најопскурните референции од изминатите неколку децении за да создаде став кој во современ контекст има целосна смисла. И што е најдобро – непристрасен е и непоткуплив.
5. Писатели и автори
Ова можеби звучи застрашувачки, но да бидеме реални – нели машините никогаш нема да бидат креативни колку луѓето, зарем не?
Па и не е токму така. Вештачката интелигенција неодамна почна да пишува и да ги уредува сопствените книжевни дела. Најдобар пример е вештачката интелигенција на „Гугл“ која „начкрта“ еден мало парче проза.
6. Услужни дејности
„Мекдоналдс“ полека почна со целосна автоматизација на својот синџир за брза храна. Се покажа дека отворањето ресторани каде што наместо готвачи има роботи (и три-четири оператори) е многу поевтино од вработување и обучување луѓе. Ова се потврдува преку нивниот ресторан во Феникс, кој комплетно е автоматизиран.
Ако овој експеримент помине добро, наскоро ваква практика би можеле да видиме и кај другите ресторани за брза храна.
7. Сметководство и банкарство
Некогаш луѓето се шегувале со сметководителите велејќи дека можат да се заменат со машини, со оглед на тоа дека по цел ден бројат само цифри. Денес ова веќе не е шега, туку реалност.
Компаниите „Ернст енд Јанг“, „Прајсвотерхаус Куперс“, КПМГ и „Дилот“ се согласуваат дека потребите за сметководители до 2020 година буквално ќе бидат преполовени.
Компанијата за финансиски менаџмент SMACC обезбедила 3,5 милиони долари за проектот за сметководство што ќе биде покренато со вештачка интелигенција.
8. Композитори
Треба да се нагласи дека
вештачката интелигенција не ги отпеала стиховите, само ја компонирала музиката, а на крај, сè аранжирал, извел и отпеал човечки музичар. Иако концептуално се работи за нешто вонредно необично, самата мелодија и не звучи така лошо.
Ако вештачката интелигенција денес може да создаде вакво нешто, можеме само да претпоставуваме каква ќе биде ситуацијата по десет години.