Иако сибирските тигри можат да бидат прилично страшни, постојат и моменти кога повеќе личат на комичари отколку на предатори.
Јапонскиот фотограф познат како Рику успеал да фотографира едно од овие суштества на снегот. Во серија од четири фотографии направени во зоолошката градина „Асахијама“ во префектурата Хокаидо, тигарот допира гранка на дрво натежната од мекиот снег. Тигарот ја чукнал гранката, поради што целиот снег му паднал на глава.
Рику успеал совршено да го фати овој момент и направил неколку фотографии последователно. Прво, на фотографијата се гледа како тигарот ужива во зимската магија, а потоа снегот почнува да паѓа врз него. На третата фотографија се гледа како снегот целосно паѓа врз неговото лице, а последната и веројатно најсмешната е тигарот со израз: „Не ми се верува дека ми се случи ова.“
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Riku/Instagram