Инсталацијата „Соба со огледала“ за прв па е прикажана во Њујорк во 1966 година, меѓутоа нејзината мистерија и понатаму привлекува милиони луѓе во галеријата Олбрајт Кнокс.
Во неа се` е направено од огледала - подовите, ѕидовите, столовите, масите, таванот... Поради интересниот сплет на отсликувања на огледалата фотографот може да ја слика цела соба, а тој да не се гледа во неа.
Неговата силуета скоро и да не се гледа поради силните отсликувања, но сепак, блицот од апаратот успеа да го „издаде“.
Дали можете да забележите точно на кое огледало се гледа фотографот?