X
 14.05.2020 Живот

Скијачки центар во Финска чува снег за следната сезона

„Леви“ е фински скијачки центар кој се наоѓа на 150 километри северно од Арктичкиот круг. Скијачката сезона во центарот обично завршува во мај. Оваа година таа била скратена поради пандемијата на коронавирусот, и покрај одличните врнежи на снег. Годинава наврнало повеќе снег од кога било во последните 50 до 60 години.


Фото: Pixabay

Операторите на ски-лифтовите изгубиле 8 милиони евра годинава поради прераното затворање. Хотелите и рестораните изгубиле една третина од годишните приходи. Сега центарот се бори против последиците од пандемијата на свој начин, односно го витка снегот со специјален материјал за да го зачува за следната сезона.

Биле собрани 15.000 камиони снег од терените за еден месец. Со резервите на снег, центарот може да почне со работа во октомври. Од центарот очекуваат само 5% од зачуваниот снег да се стопи во текот на летото.


Автор: Ерика Бенке
Извор: Би-би-си
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот